Кривична за директорот на Водовод, тој си ја бара дипломата
Претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски денеска потврди дека е поднесена кривична пријава против директорот на ЈП Водовод и Канализација, Александар Атанасов поради непризнаената диплома.

Димовски соопшти дека трудова инспекција веќе два дена го чешлаат „Водовод“. Атанасов наводно не можел да си ја пронајде дипломата, а потоа им соопштил на инспекторите дека таа е уште се наоѓа во Министерството за образование.
Фактор ги објави документите од Министерството за образование и наука според кои дипломата на директорот Атанасов стекната на Њујорк државниот колеџ не му е призната. Со тоа Атанасов не може да ја извршува функцијата директор бидејќи нема соодветно високо образование.
Слично
