Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична против скопјанец за ширење омраза кон македонската држава

Кривична против скопјанец за ширење омраза кон македонската држава

Поднесена е кривична пријава против лице кое се сомничи за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г од Кривичниот законик. 

- ОЈО Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи против него.   

Осомничениот, преку посебно креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук, споделувал содржини кои предизвикуваат национална и етничка дискриминација со што поттикнувал омраза кон македонската држава и идентитет. 

По претходни сознанија на Агенцијата за национална безбедност, полициски службеници извршија претрес и одзедоа пропаганден материјал што 30-годишниот скопјанец го отпечатил со намера да го дистрибуира во земјава - се посочува во соопштението на ОЈО.

Од таму додаваат дека на ваквите активности осомничениот бил поттикнат од бугарски државјанин кој подолг период на социјалните мрежи и на други портали објавува содржини чија цел е поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство.  

Јавното обвинителство, во соработка и со координација со другите надлежни органи, продолжува да презема дејствија за обезбедување докази.

Слично

Поврзани вести