ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична против Дехари, направил дива градска депонија во Кичево

Кривична против Дехари, направил дива градска депонија во Кичево

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево, за „несовесно работење во службата “ и „загрозување на животната средина и природата со отпад “, откако создал дива градска депонија.

- Тој, постапувајќи несовесно при извршување на своите законски обврски и не вршење должен  надзор, од 2020 година, работел спротивно на одредбите од Законот за управување со отпад и Законот за заштита на животната средина, дозволил да биде формирана дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработени секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи, односно со нив да постапуваат на начин со кој се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата или водотекот, во мера што може да ги влоши условите за живот на луѓето или животните и растенијата со што, го загрози нивниот опстанок, објави МВР.

ad
Слично

Поврзани вести