Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична пријава за убиецот на арачиновецот во коцкарница во Млечен ресторан

Кривична пријава за убиецот на арачиновецот во коцкарница во Млечен ресторан

МВР поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Џ.С.(44) од Скопје за убиство на арачиновецот кој на 31 март застрела арачиновец во коцкарница во скопски Млечен ресторан додека играле заедно во раните утрински часови.

Од полицијата додаваат дека е утврден идентитетот на сторителот на кривичното дело, а обезбедено е и огненото оружје со кое Џ.С. го извршил кривичното дело.

„На 31.03.2023 околу 08.02 часот во казино на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, Џ.С. со пиштол пукал во Н.А.(46) од с. Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. им подлегнал на повредите“, објави МВР.


Слично

Поврзани вести