Кривична пријава за сопственикот на фирмата - младиот фотограф Кристијан Љушев работел без основна обука
Поднесена е кривична пријава против сопственикот на компанијата и против фирамта во која работеше младиот фотограф и продуцент Кристијан Љушев, откако тој загина на своето работно место.
- СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.
Пријавениот С.М. во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му ги одзел и ограничил правата што му припаѓале.
С.М. дозволил пристап на сега веќе починатиот работник, на работно место кое е изложено на сериозни и специфични опасности, без притоа да добие посебни упатства за работа, односно дозволил да извршува работни задачи како помошник монтер, без притоа да изврши основна обука од областа на безбедност и здравје при работа и без соодветен здравствен преглед во здравствена ординација по медицина на трудот - се посочува во билтенот на СВР Охрид.
Познатиот охридски фотограф Кристијан Љушев го загуби својот живот по пад во зграда во Охрид, а како што пренесоа медиумите, тој загинал откако во окно од лифт во зграда.
