Кривична пријава за сопственик на хотел-ресторан кој се запали за Нова година
Сопственикот на хотел-ресторан на патот Делчево - Македонска Каменица, кој се запали за Нова година додека имало 30 гости во него, доби кривична пријава, објави МВР. Пријавата е за „предизвикување опта опасност“, откако прваното лице претхдно не ја регулирало потребната документација и објектот бил дивоградба.
- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и Н.Д.(35) од Делчево, сопственик и раководител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Пријавените не ги почитувале законските одредби за изградба на објект, предвидени во член 68 и член 70 од Законот за заштита и спасување, односно не обезбедиле проект за објектот, одобрение за градење од надлежниот државен орган и согласност на елаборатот за заштита од пожари и експлозивни материи и извршувале дејност без соодветна документација и без да биде евидентиран објектот во Агенцијата за катастар на недвижности.
На 01.01.2026 настанал пожар во објектот во кој во моментот имало сместено околу 30 гости, со што ги довел во опасност животот и телото на гостите во сместувачкиот капацитет., наведе полицијата.
Според тогашни официјални информации од МВР, на 01.01.2026 во 09:48 часот во ОВР Делчево е пријавено дека настанал пожар во хотел-ресторан на магистралниот пат Делчево - Македонска Каменица, при што била опожарена техничката соба на првиот кат. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица немало.
