Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА НАЦИОНАЛНИ ШУМИ - склучувал договори за продажба на дрва по пониски цени

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА НАЦИОНАЛНИ ШУМИ - склучувал договори за продажба на дрва по пониски цени

Министерството за внатрешни работи објави дека е поднесена кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ за „злоупотреба на службената положба и овластување“. 

Согласно иницијалите кои ги објави МВР, најверојатно станува збор за Валентин Груевски, кој извеен период беше вршител на должност директор, додека сега на раководната позиција е Здравко Трајанов.

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. 
Пријавениот В.Г., поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што во периодот од 13.02.2023 до 07.05.2024 склучил и потпишал осум договори за купопродажба на опожарена дрвна маса со шест правни лица, при што во договорите се повикал на ценовник за цени на дрвни сортименти кој во моментот бил неважечки и во кој биле наведени пониски цени од важечкиот ценовник - посочуваат од МВР во објавата. 

Од МВР додаваат дека во сите осум склучени договори за купопродажба на опожарени дрвни сортименти биле наведени цени од ценовник од 05.12.2014 и во кој цените биле пониски од важечкиот ценовник од 21.07.2022 година. 
- Сите осум договори биле реализирани со што пријавениот овозможил шест правни лица да се стекнат со имотна корист од 2.053.838 денари и за тој износ била предизвикана штета на ЈП „Национални Шуми“ - се нагласува во нивното соопштение. 



Фото: Архива

Слично

Поврзани вести