Кривична пријава за поранешен директор на ЈП „Стрежево“
СВР Битола поднесе кривична пријава против Менде Граматковски, поранешен директор на Јавното претпријатие „Стрежево“, поради сомнение за сторено кривично дело „повреда на право од работен однос“.
Според информациите од полицијата, Граматковски во периодот од февруари 2023 година до 29 јуни 2023 година, како тогашен директор на претпријатието, во три наврати извршил промена на работното место на едно лице.
Од СВР Битола наведуваат дека промените биле направени спротивно на одредбите од Законот за административни службеници, Законот за работни односи и Правилникот за систематизација на работните места.
По документирањето на случајот, против него е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
Соопштението од полицијата во целост
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Г.(56) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на право од работен однос“. Пријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Стрежево“ - Битола, во периодот од февруари 2023 до 29.06.2023 во три наврати извршил промена на работното место на едно лице спротивно на одредбите од Законот за административни службеници, Законот за работни односи и Правилникот за систематизација на работните места.
