Кривична пријава и осумдневен притвор за опожарените дипломатски возила на бугарската амбасада
СВР Скопје го расчисти случајот со опожарувањето на две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Кривичното дело беше извршено на 15 јуни 2026 година, а вчера Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С., 44-годишник од Скопје.
Тој се сомничи за кривично дело „предизвикување општа опасност“. Основниот кривичен суд го прифати барањето на Обвинителството и му одреди осумдневен притвор.
Според МВР, во текот на истрагата беа обезбедени материјални докази, меѓу кои снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото.
Од МВР информираат дека осомничениот во полициска станица го признал извршувањето на кривичното дело.
