Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЧОТ НА МИЦКОСКИ КОЈ ЈА НАПАДНА СОПРУГАТА: МВР најави и дека ќе го отстрани од работното место

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЧОТ НА МИЦКОСКИ КОЈ ЈА НАПАДНА СОПРУГАТА: МВР најави и дека ќе го отстрани од работното место

Поднесена е кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда”, објави Министерството за внатрешни работи. 

Станува збор за Раде Ристовски, вработен како дел од тимот за обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски. 
- Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО - ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. 
Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена. 
Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место - нагласуваат од МВР во соопштението испратено до медиумите. 

Ристовски според информациите од полициски извори бил на работна позиција како дел од обезбедувањето односно како претходница.

Сара Ристовска е докторка и сопственичка на приватна ординација. Извори од Кривичниот суд велат дека Ристовски се гони за кривино дело за кое е предвидено затвор од шест месеци до три години. 

Слично

Поврзани вести