Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична пријава за Наумче Мојсовски од Антикорупциска

Кривична пријава за Наумче Мојсовски од Антикорупциска

Државната комисија за спречување на корупцијата до Обвинителството поднесе кривична пријава директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија за наводна злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови.

Антикорупциска до Владата ќе поднесе барање за утврдување одговорност,  а од УЈП ќе се бара да направи увид како спортските клубови и другите спортски здруженија ги користеле ваучерите од 2020 па наваму.

Според ДКСК, во АМС немало детална отчетност како се трошат овие милијарда денари кои како компензација значат олеснување на работата на спортските субјекти. ДКСК ќе даде и одредени предлози до кабинетот на вицепремиерката за добро владеење и до АМС да се утврдат нови законски критериуми.

Освен од АМС, податоци биле побарани и од фудбалската, кошаркарската, ракометната и одбојкарската федерација, како и до спортските клубови кои користеле средства од ваучери во висина од над еден милион денари

Комисијата смета дека со овој проект се прави фаворизација и се оштетува буџетот.. Инаку проектот е замислен со ваучер-системот да се стимулираат клубовите и федерациите самите да одат кај големите компании и да бараат спонзорство.

Слично

Поврзани вести