Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична пријава за надрилекар од Кочани, лекувал со индустриски гас

Кривична пријава за надрилекар од Кочани, лекувал со индустриски гас

СВР Охрид известува дека е поднесена кривична пријава против надрилекар од Кочани кои своите пациенти ги лекувал така што како средство за инхалација користел индустриски гас.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Кочани и В.П.(55) од Кочани, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ во врска со „надрилекарство“. Од 2020 година до поднесување на пријавата, второпријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист набавил резервоар за вода (идентичен со тие што се користат во автомобилите), клетка за електролиза и електро полнач, кои ги употребувал како бренер за загревање и за инхалација кај граѓаните, преку вдишување на оксиводородна смеса во гасовидна состојба, која се користела за индустриски цели“, објави охридската полиција.

Според реакциите на социјалните мрежи,станува збор за добропознато лице во Кочани и регионот, кој често се служи со конспиративни теории.

Слично

Поврзани вести