Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична пријава за дивоградба на државен имот во Сарај

Кривична пријава за дивоградба на државен имот во Сарај

Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Х.А.(56) од Скопје за узурпација на недвижност во државна сопственост и бесправно градење.

„На 17.01.2022 на место викано „Копаница“ - катастарска општина Копаница, претставници на Градежен инспекторат извршиле инспекциски надзор на земјиште сопственост на Република Северна Македонија и на местото го затекнале пријавениот како врши  градежни активности со тврд материјал без да поседува Одобрение за градење издадено од општина Сарај“, информира МВР.

Од таму додаваат дека узурпацијата и илегалното градење на лицето ќе му се стават на товар.


Слично

Поврзани вести