Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична пријава за даночно затајување од над 2,3 милиони денари

Кривична пријава за даночно затајување од над 2,3 милиони денари

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 57-годишен скопјанец и правно лице од Скопје поради сомнение за даночно затајување.

Според информациите од МВР, пријавениот, како управител и одговорно лице во фирмата, во текот на 2023 година во деловните книги и даночните евиденции прикажувал расходи кои не биле даночно признаени. Дел од нив, како што е наведено, биле без соодветна документација, а дел не биле поврзани со вршењето на дејноста.

На тој начин, според пријавата, била неосновано намалена даночната основа, а биле поднесени и даночни податоци кои не ја одразувале реалната даночна состојба.

МВР соопшти дека со ваквото постапување била стекната противправна имотна корист преку избегнување плаќање данок на добивка во вкупен износ од 2.362.247 денари.

Целото соопштение од МВР

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.С. (57) од Скопје и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Првопријавениот како управител и одговорно лице во второпријавеното правно лице од 01.01.2023 до 31.12.2023 во деловните книги и даночните евиденции прикажал расходи кои не биле даночно признаени, без соодветна документација и расходи кои не биле во функција со вршењето на дејноста, со што неосновано ја намалил даночната основа и поднел даночни податоци кои не ја одразуваат реалната даночна состојба, со што се стекнал со противправна имотна корист преку избегнување на плаќање данок на добивка во вкупен износ од 2.362.247 денари.

Слично

Поврзани вести