Кривична пријава против полициски службеник, му покажувал видео на затвореник
МВР поднесе кривична пријава против А.Ј., полициски службеник од полициска станица Ѓорче Петров поради ,,оддавање на службена тајна“.
- На 20.12.2025 од управител на угостителски објект во Скопје пријавени се кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“. Постапувајќи по пријавата за „оштетување на туѓи предмети“, на пријавениот полициски службеник од страна на управителот му бил испратен видео запис од безбедносни камери во врска со пријавеното кривично дело.
Пријавениот видео записот преку социјалната мрежа „инстаграм“ го испратил односно го сторил достапен на лице кое издржува казна затвор во КПД „Затвор Прилеп“, кој воедно од страна на управителот бил пријавен за кривичното дело „изнуда“.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Ј. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муниција, упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија, информира министертсвото.
Слично
