Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична пријава против казино за користење на една лиценца за сите уреди

Кривична пријава против казино за користење на една лиценца за сите уреди

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од с.Кадино, општина Илинден и В.А.(53) од с.Мирковци како управител, за користење на една лиценца за сите уреди.

Правното лице и управителот се сомничлат за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“. 

- На 29.01.2025, при извршена акциска контрола во подружница на пријавеното правно лице во Тетово, констатирано е дека лиценцата која ја поседува правниот субјект се појавува на 16 клубови на територија на државата, иако легално може да биде инсталирана само на еден уред, односно не може да биде пренесена на друг уред, објави МВР во дневниот билтен.


Слично

Поврзани вести