Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична пријава против инвеститорот, градоначалникот и архитектката-конзерватор за оштетувањето на спомен-куќата на Малески

Кривична пријава против инвеститорот, градоначалникот и архитектката-конзерватор за оштетувањето на спомен-куќата на Малески

МВР објави дека е поднесена кривична пријава против инвеститорот, едно лице од Охрид и три лица од општина Струга кои со несовесно извршување на службената должност придонеле да биде оштетена спомн куќата – музеј на Владо Малески во Струга

Н.К.(53) како инвеститор од струшкото село Велешта се сомничи за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, архитектката В.Н.(62) од Охрид како конзерватор за „несовесно работење во службата“, струшкиот градоначалник Р.М.(68) и секторските раководители од општината Н.Н.(56) и Ѓ.Д.(59), двајцата од Струга, за „злоупотреба на службена положба и овластување”. 

„На 15.10.2025 како инвеститор, спротивно на решението за издавање заштитно конзерваторски услови, првопријавениот на катарстарска парцела во Струга со градежна механизација срушил стара струшка куќа и при правење ископ ги поткопал темелите од јужниот ѕид на соседната спомен куќа-музеј на Владо Малески, која од 2017 година претставува споменик заштитен како значајно културно наследство. Второпријавената, во својство на архитект - конзерватор во националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“, на основниот проект за семејна куќа втиснала службен печат и ставила потпис и одобрила мислење за усогласеност со идеен проект со што свесно постапила спротивно на Законот за заштита на културното наследство, спротивно на планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и спротивно на решението за издавање на заштитно конзерваторски услови, издадено од Министерство за култура - Управата за заштита на културно наследство.

Третопријавениот, во својство на градоначалник на Струга, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги овластувањата, спротивно на актите од Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и решението од Управата за културно наследство, потпишал одобрение за градење на семејната куќа од првопријавениот. 

Четвртопријавениот, како раководител на Одделението за урбанизам во општина Струга, со пречекорување на службената положба го изготвил одобрението за градење, а го одобрил петтопријавениот како помошник раководител на Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина во општина Струга“, објави МВР/


Слично

Поврзани вести