Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична пријава против екс градоначалникот на Штип

Кривична пријава против екс градоначалникот на Штип

Секторот за внатрешни работи Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријавa против И.З. (58) и И.И. (55), двајцата од Штип,  поради постоење основи на сомнение дека сториле четири кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“  и две кривични  дела „несовесно работење во службата“.

И.З. (58) во својство на градоначалник на општина Штип и И.И. (55) како вршител на должност директор на Јавното претпријатие „Стипион 2011“ - Штип во периодот од 27.10.2015 до 12.07.2016 година во повеќе наврати ја злоупотребиле својата службена положба и овластување. И.З. како градоначалник на општина Штип издал Одобрение и Наредба за отстранување на објекти околу градскиот базен Штип, како и продажба на истиот, без да добие согласност од Советот на општина Штип. И.И. несовесно постапил при спроведување на постапката на Одобрението и Наредбата за отстранување на објекти. Тој не ги одбил иако знаел дека се противзаконски, туку ги спровел и ги извршил. 

На тој начин пријавените причиниле вкупна материјална штета на јавното претпријатие „Стипион“ и на општина Штип во висина од 15.412.159 денари. 

Слично

Поврзани вести