Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична пријава од МВР за жената што му го одзеде мобилниот на новинарот Фуркан Салиу

Кривична пријава од МВР за жената што му го одзеде мобилниот на новинарот Фуркан Салиу

МВР објави дека е покрената кривична пријава за самовластие за жената вработена во ЈП Комунална хигиена која му го одзела мобилниот телефон на новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу, откако таму неодамна не им беше продолжен договорот на 33 вработени, кои според претпријатието не доаѓале на работа.

„Во врска со пријавено кривично дело „самовластие“ по чл.392 ст.2 од КЗ, пријавено на 08.08.2022 од страна на Ф.С., новинар од ТВ Клан, а сторено од А.М.Б., вработена во ЈП Комунална хигиена-Скопје во просториите на јавното претпријатие, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен. 

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал, превземени се мерки и активности за документирање на кривично правниот настан, при што на 09.08.2022 во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикана е А.М.Б., која го одземала мобилниот телефон на оштетениот Ф.С. и со неа е извршен службен разговор во врска со пријавеното кривично дело. Исто така на 09.08.2022 година во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикан е С.К., вработен во ЈП Комунална хигиена- Скопје, кој бил присутен за време на настанот. По извршената консултација со ОЈО Скопје, против А.М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, објави МВР.


Слично

Поврзани вести