Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична и за лицето што фрлаше со „молотови коктели“

Кривична  и за лицето што фрлаше со „молотови коктели“

Кривична пријава за учество во толпа што ќе изврши кривично дело против лицето што фрлаше со „молотови коктели“. 

Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал при СВР Скопје денеска до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Ј.С.(18), поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, казниво по член 385 од Кривичниот законик.

„Имено, на 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Ј.С. започнал да подготвува молотови коктели и да фрла со нив кон полициските службеници и објектот на Собранието на РСМ“, велат од МВР. 

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, Ј.С. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него во координација со ОЈО Скопје и лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка.

Слично

Поврзани вести