Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривичен суд им порача на адвокатите од „ТНТ“ да не се закануваат

Кривичен суд им порача на адвокатите од „ТНТ“ да не се закануваат

Кривичниот суд побара од Адвотатската комора, МВР, но и Обвинителството да преземат соодветни мерки и да ги истражат, како што велат од таму, елементите на закани и притисоци упатени кон судијата – поротник Лилјана Ивановска Кочкова од страна на адвокатите на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, и на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во случајот „ТНТ“.

Јовица Страшевски, а двокатот на Трајковски, и Еленко Миланов, кој го застапува Јанакиески, и порачаа на Ивановска Кочкова повеќе да не доаѓа на рочиштата, бидејќи веќе навршила 60 години, и во спротивно најавуваат кривични пријави и санкции во обидот да се издејствува судскиот процес да започне одново.

Кривичен суд додава дека овој апел е упатен со цел да ја заштитат независноста и непристрасноста во судското постапување.

– Имено, зачудува фактот што јавните закани-притисоци се генерирани од поединци кои се странки во судска постапка. Изненадува нивниот неетички и непрофесионален однос кој е без почит кон судот и е надвор од надлежностите на еден адвокат-бранител на обвинет. Притисок/закана со поднесување на кривична пријава кон судски поротник, кој активно учествува во водењето на судската постапка и учествува во носењето на одлуката, е сериозен акт и класичен пример на атак врз независноста и непристрасноста на судското одлучување, дотолку повеќе што во конкретниов случај заканата е генерирана од адвокат кој е учесник во истиот судски предмет во кој постапува нападнатиот судија – поротник, се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека адвокатите треба да се користат со постоечките правни лекови и законски инструменти, наместо со џзакани и притисоци.

Од таму велат дека Ивановска Кочкова останува на функција додека одлуката за нејзиниот престанок на функцијата треба да ја донесе Судскиот совет. Од таму велат дека „ТНТ“ треба да заврши во разумен рок и дека тоа може да биде одложено бидејќи таа е активен учесник во процесот.

- Во правец на погоренаведеното е и Барањето да се продолжи мандатот на конкретниот судија поротник, бидејки нелогично е и неиздржано е поротник кој 2,5 години посветено учествувал во судската постапка, поротникот да се разреши поради протек на мандат, кое нешто би иницирало постапката да почне одново, се наведува во соопштението.

Кривичниот суд им порачува на адвокатите да не бидат кочничари во донесувањето на одлуките бидејќи тоа не им е ниту од интерес на обвинетите, велат од таму.



Слично

Поврзани вести