Кривичен суд и натаму на зимски распуст - Панчевски не работи предмети, а зема плата
Иако од именувањето на судијката Татјана Михајлова за в.д. претседател изминаа речеси еден месец, Основниот суд Скопје 1- Скопје се уште нема изготвено годишен распоред на судиите. Судијката Татјана Михајлова не само што нема изготвено годишен распоред за сите судии, туку се уште го нема распоредено и самиот Панчевски.
Тој иако не добива предмети за работа, прима плата за неработење. Првично се веруваше дека Панчевски како еден од двајцата кандидати, на седница на Републичкиот судски совет одржана на 12. овој месец, ќе добие нов мандат, но до избор не дојде.
Реизборот на претседател на Кривичниот суд, како и на Врховниот суд е одложен поради изборите и ќе се чека на стабилизација на политичката ситуација.
Слично
