Кривичен суд го прифати барањето на ОЈО: Нина Цаца Биљановска казнета со 10.000 евра
Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство и со 10.000 евра ја казни поранешната директорка на кожната клиника Нина Цаца Биљановска пореди пренесување на заразна болест.
Скопското обвинителство ова го потврди за ТВ Алсат, а докторката казната ја доби бидејќи наместо да оди во самоизолација по враќање од пат од Италија, таа одеше на работа, по што целата кожна клиника беше оневозможена да работи. Ова е првостепена пресуда и Биљановска има право на жалба.
Скопското јавно обвинителств на крајот на мај поднесе до судот предлог директорката на дерматологија Нина Цаца Билјановска да биде казнета со 10.000 евра, обвинета за пренесување заразна болест.
Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи за обвинетата да изрече парична казна од 40 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 250 евра, односно вкупна парична казна од 10.000 евра во денарска противвредност, соопшти Обвинителството.
Обвинетата на 29 февруари се вратила во државава од регион во Република Италија преку граничниот премин Табановце. Но, притоа таа постапила спротивно на мерките и заклучоците на владата согласно кои сите граѓани кои се враќаат од ризичните земји со зголемен број заболени од ковид-19, особено од Република Иралија, имаа обврска да останат во домашна изолација во траење од 14 дена од денот на влегување во земјава.
– Но, обвинетата, иако како здравствено лице била свесна за ризикот, продолжила со своите работни обврски на Клиниката, а на 7 март била присутна и одржала предавање на симпозиум од об ласта на дерматолошките болести, со што ги довела во опасност сите учесници, предавачи, организатори и вработените на Клиниката. На овој начин таа заразната болест им ја пренела на седум свои колеги пред самата да биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести со позитивен наод за ковид-19 – соопштија од Обвинителството.
Од таму додадоа дека во текот на претходната постапка, јавниот обвинител направил детални проверки и ја обезбеди целокупната релеватна медицинска и друга документација која беше неопходна заради утврдување на решавачките факти. Притоа, беа направени проверки и беше побарана и обезбедена документација од Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, а беа преземени и други истражни дејствија.
