Кривичен суд доби нов распоред –„Сваровски“ судиите со нова работна задача
Иван Џолев, претседател на Основниот суд Скопје 1, денеска соопштил нов годишен распоред за работата на судиите.
Имено, одделот за организиран криминал и корупција комплетно е променет, а судијките кои беа именувани како „Сваровски“ во прислушуваните материјали ќе добијат новa работна задача, односно, наместо предметите на Специјалното јавно обвинителство, тие ќе судат за прекршоци.
Сменетите судии се Лидија Петровска која судеше за „Тврдина 2“, „Триста“ и „ Транспортер“, Татјана Михајлова - „Насилство во Центар“, Верка Петровска „Тарифа“, позната и по судењето „Диво Насеље“, и Моника Бахчоваковска, сопруга на функционер од претходната власт.
Останува само судијата Горан Бошевски што го води предметот на СЈО „Тракеторија“, а за организиран криминал ќе судат Владимир Туфегџиќ, експретседателката на судот Добрила Кацарска, Софче Гаврилова Ефремова (која го суди Драган Павловиќ Латас), Огнен Саврев, Дарко Тодоровски (беше иземен од одлучување за притворот на Груевски), Осам Шабани и Џанета Бектовиќ.
Се очекува новиот распоред да стапи во сила од 1 јануари 2018 година, а судиите имаат право да поднесат приговори на распоредот до Врховниот суд
