„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание
Не се во право поранешните членови на Левица кога велат дека Димитар Апасиев како пратеник се крие позади својот пратенички имунитет за насилството демонстрирано вчера во Собрание од проста причина што пратеничкиот имунитет не го покрива, напиша адвокатот Јанаки Митровски.
„Имунитетот штити од кривичен прогон или граѓанска одговорност за искажано мислење или гласање и тоа само од Собрание. Тој не може да биде притворен за насилството без одлука на Собранието бидејки минималната предвидена казна не е пет години, но кривичен прогон може и треба да има за кривично дело Насилство казниво по член 386 став 1 од Кривичниот Законик "Тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со затвор од три месеци до три години"
Да бидеме реални кривичен прогон и би му одговарал да може да продолжи да глуми жртва. А во таква постапка секако би му се сметало за олеснителна околност што анонимусон пратеник од ДПМНЕ го пцуел, ако е тоа воопшто точно бидејки такво нешто барем до сега не видов!“, напиша тој.
Слично
