Кривичен ги одби „бомбите“ како докази за „Триста“
Кривичниот совет кој го оценува обвинението за предметот „Триста“ на СЈО ги одбил прислушуваните разговори како докази.
Во издвојувањето на доказите, судот се повикал на тоа дека овие разговори се незаконски прибавени и дека уште пред повеќе од една година судот одлучил сите овие разговори да не бидат земени во предвид во доказната постапка.
Решението не е правосилно, а СЈО има право на жалба во рок од три дена.
Покрај одбивањето на бомбите како доказ советот засега нема донесено конечна одлука дали ќе го прифати целото обвинение, ќе го врати на СЈО на доработка или нема да го прифати обвинителниот акт.
Во случајот „Триста“ за незаконската набавка на возила за потребите на МВР обвинет е поранешен помошник министер во МВР.
