Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крива Паланка побара полицискиот час кај нив да започнува порано

Крива Паланка побара полицискиот час кај нив да започнува порано

Општинскиот кризен штаб на Крива Паланка побара полицискиот час во овој град да започнува од 19.00 часот, откако бројката на регистрирани случаи на Ковид-19 е во пораст во изминатите неколку денови, односно по околу десет случаи дневно е просечната борјка на заразени.

Општинскиот кризен штаб побара воведување дополнителни мерки на територијата на општината, со засилени контроли од надлежните служби.

– Бараме од Централниот кризан штаб полицискиот час да биде од 19 часот наместо од 22 часот. Апелираме ОВР Крива Паланка да продолжи со редовни контроли со физичко присуство кај заболените и изолирани лица, а не селективно, и да постапуват поригорозно по однос на изрекување на рестриктивни казнени мерки за непочитувачите на забраната и наметнатите задолженија и обврски, изјави Изабела Павловска, претседател на општински кризен штаб, Крива Паланка.

Од таму побараа и погоелма помош, односно ажурност од Државниот пазарен инспекторат на територијата на оваа општина.


Слично

Поврзани вести