ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИТИКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО ПОЖАРНИКАРИ: „Вие вака ги внесувате луѓето директно во оган, необучени и понижувачки платени“

КРИТИКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО ПОЖАРНИКАРИ: „Вие вака ги внесувате луѓето директно во оган, необучени и понижувачки платени“

Поранешниот пожарникар кој сега е во пензија, Трајче Кметовски реагира на огласот за ангажирање на лица-пожарникари за справување со пожарите. 

Вели дека пожарникарството е сериозна професија за која е потребна обука и знаење.

Околу огласот за пожарникари.

Сосема погрешен адхок пристап. Не се играјте со пожарникарството, сериозна професија е. Пожарникар се станува после најмалку 5 години стаж. Вие вака ги внесувате луѓето директно во оган, необучени и понижувачки платени.

За потсетување.

Во Струмица пред неколку години се угушија граѓани вклучени во гасење на пожар... кој беше одговорен...Човекот почина со чувство на одговорност и вина, професионален пожарникар командир.

Очигледно е дека одредени чинители, креатори на „систем“ за ПП заштита, немаат основни познавања во областа на пожарникарството“, напиша тој.


ad
Слично

Поврзани вести