Критики во Косово зошто Курти не се интересирал за тунелот Призрен - Тетово
Во Косово веќе има критики на сметка на нивниот премиер Албин Курти кој ги посети Чаир и Тетово, каде се вееја само албански знамиња и карти на Голема Албанија.
Според косовски опозиционер, имало поважни проекти за кои Курти требало да се интересира. Поранешниот шеф на кабинетот на бившиот премиер Рамуш Харадинај, Авни Арифи вели дека Курти ја „закопал“ идејата за тунел што го поврзува Призрен со Тетово, бидејќи таков тип на договор не е склучен со општините. Арифи на Фејсбук додава дека Тетово е град со албанско мнозинство, каде градоначалници се Албанци, но во исто време е само општина во Македонија.
„Согласно Уставот на Република Македонија, општините не склучуваат меѓудржавни договори, како што ниту нашите општини на Косово не склучуваат такви договори. Замислете каква е ситуацијата доколку градоначалникот на Драгаш се договори со премиерот на Македонија за ваков проект. Апсурд.“, рече Арифи.
Арифи вели дека доколку Курти бил целосно заинтересиран за отворање на тунелот, за тоа ќе разговарал со премиерот Димитар Ковачевски, а не со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.Не заборавајте дека Македонија е суверена држава и сама ги носи одлуките“, вели Арифи.
фото Влада на РСМ
