Критики: Кога СДСМ вработува 500 полицајци тоа е професионалност, а не засилување на полициската држава
Одлуката на Министерот за внатрешни работи да распише конкурс за вработување на 500 нови полициски службеници покрена лавина на негативни реакции, особено што токму СДСМ во изминатите години ги критикуваше ваквиот вид на огласи распишувани погодно пред одржување на избори. Сосема очекувано е да има критики дека само се засилува „полициската држава“ наместо да се работи со постојниот полициски капацитет преку подобрување на професионалните стандарди, воведување на нови методи на работа и секако поголема одговорност со надзор на цивилниот сектор. Твитер сферата не мирува и посочува зошто сега дежурните критичари на претходната власт не го велат истото за потегот на СДСМ. Инаку според министерот Спасовски на МВР и биле потребни нови кадри, тоа е став кој тој подолго време го изкажува во јавноста.
