Економија, финансии, бизнис

Контакт

KРИТИЧНО ВО СВЕТИНИКОЛСКО: Пет лица се блокирани во куќa

KРИТИЧНО ВО СВЕТИНИКОЛСКО: Пет лица се блокирани во куќa

Пет лица се блокирани во куќа во светиниколско каде беснее силен пожар, а во тек е спасувачка акција. 

Директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов, објави дека прават обиди да ги извлечат луѓето.

„Упатен е полициски хеликоптер кој треба да фрли вода околу куќата за луѓето да се извлечат“, рече Ангелов.

Апелира до граѓаните кои живеат во полунапуштените села итно да се евакуираат ако слушнат дека во нивна близина има активен пожар. Да не чекаат огнот да дојде до селото, освен ако не е организирана одбрана од локалните власти и пожарникари. Пожар има на територијата на Старо Нагоричане кој се заканува да зафати неколку напуштени села.

Вчера во кумановско човек загина во пожарите. 

Слично

Поврзани вести