КРИТИЧНО ВО НЕКОЛКУ ГРАДОВИ: 128 Новозаразени со ковид, 6 пациенти починаа
Министерството за здравство соопшти дека во последниоте 24 часа од 1025 тестирања, се регистрирани 128 нови случаи на ковид-19. Статистиката по градови е следна: Скопје 52, Куманово 6, Штип 29, Прилеп 2, Тетово 6, Битола 2, Кавадарци 10, Гостивар 13, Кочани 1, Пробиштип 1, Македонски Брод 3, Виница 2, Свети Николе 1
Денеска починаа 6 лица, четири пациенти од Скопје, еден пациент од Кичево и еден од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од:
-Скопје 108
-Куманово 2
-Прилеп 1
-Тетово 11
-Велес 1
-Битола 3
-Гостивар 2
-Кочани 2
-Кичево 2
-Ресен 5
Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10213, бројката на оздравени пациенти е 5564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4183.
