Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

Професорката Билјана Ванковска даде свој поглед на посетата на Урсула фон дер Лајен и на пресконференциајта со премиерот, Христијан Мицкоски.
„Сега ја изгледав прес-конференцијата на Премиерот со Фрау Урсула. Покрај сите оние вербални акробации остана КРИСТАЛНО ЈАСНА ПОРАКАТА: вие, како суверена држава сте се заложиле и презеле обврска да го смените уставот, а ние сме тука да ви помогнеме во тоа!

Второ, првата пофалба на Урсула за нас беше дека сме 100% во согласност со политиката на ЕУ кон Украина, и генерално кон нивната надворешна и безбедносна политика. Со други зборови, послушно одиме кон беспаќето.

Но, не знам колкумина забележаа еден друг МНОГУ ВАЖЕН детаљ: позадината на сцената!!! Среде Скопје, прес-конференција ВО БОИТЕ НА УКРАИНСКОТО ЗНАМЕ, сино-жолтата порака за тоа што ѝ е на ЕУ приоритет.“, напиша таа на фејсбук.



Слично

Поврзани вести