Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИС ПАВЛОВСКИ ЗА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Еден од најдобрите лидери во Европа

КРИС ПАВЛОВСКИ ЗА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Еден од најдобрите лидери во Европа

Основачот и сопственик на платформата „Rumble“, Крис Павловски, кој е еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД, Доналд Трамп и дел од тимот на Трамп, го искоментира говорот на премиерот Христијан Мицкоски на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон.

„Еден од најдобрите лидери во Европа и еден од единствените момци кои ракоплескаа на говорот на Џеј Ди Венс минатата недела во Германија“, напиша Павловски на Х.

На говорницата на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Вашингтон, македонскиот премиер беше претставен како поддржувач на политиката на Доналд Трамп, дури и пред тој да биде избран за претседател на САД. Мицкоски го коментираше и говорот на потпретседателот Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција, кого го пофали. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести