КРИС ПАВЛОВСКИ: Не го организиравме патувањето на владината делегација за инаугурацијата на Трамп
Основачот и сопственик на платформата за видеа „Рамбл“, американскиот бизнисмен со македонско потекло Крис Павловски, во интервју за Телма вели дека тој и неговата компанија не го организирале патувањето на македонската владина делегација во САД за време на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во јануари.
„Со почит кон македонската влада, ние не го организиравме патувањето во Вашингтон. Тоа не е нешто со што ние се занимаваме, ние водиме видеоплатформа и пренесување стримови и видеа. Ние не сме политичка компанија, не учествуваме таму. Ние сме видеоплатформа“, рече Павловски.
Крис Павловски важи за близок до претседателот на САД, Трамп.
Слично
