Економија, финансии, бизнис

Контакт

Криптовалутите носат профит, но дали може да ги потрошите?

Криптовалутите носат профит, но дали може да ги потрошите?

Поради Нестабилноста на пазарот на дигитални валути, криптовалутите се незгодна инвестиција. Дури и да остварите профит, може да се помачите додека ги добиете парите, предупредуваат експертите.

- За секој инвеститор, главното прашање секогаш е како да наплати. Криптовалутите се децентрализирани и нерегулирани, што може да се смета за голем успех. Но добивањето на парите може да биде голем проблем - оценува за РТ Михаил Грачев, финансиски консултант при „Телетрејд“.

Според него, ако некој ви украде пари од вашата банка, тогаш банката е одговорна.

- Ако банката банкротира, одговорна е државата што и` дала лиценца. Ако некој хакер ви го ограби крипто-паричникот? За жал, тоа не е регулирано - додава Грачев.

Чувањето на вашата криптовалута само на Интернет исто така не е целосно сигурно: хакерите секогаш трагаат по пропусти и ранливи места во најголемите крипто-берзи, знаејќи дека ако успеат да украдат дигитални пари, екстремно тешко е да се најдат.

- Причините се очигледни: нова, речиси нерегулирана индустрија со висок степен на анонимност. Во случај на успешен напад, можноста за сокривање на трагите и исчезнување со парите е многу повисока од кој било друг сектор - предупредува Михаил Машченко, аналитичар во „еТоро“.


Слично

Поврзани вести