Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИМИНАЛНОТО И КОРУПТИВНО ДУИ ЖИВЕЕ ВО МИНАТИОТ ВЕК: Мицкоски ги отфрла тврдењата на ДУИ дека правел етничка поларизација

КРИМИНАЛНОТО И КОРУПТИВНО ДУИ ЖИВЕЕ ВО МИНАТИОТ ВЕК: Мицкоски ги отфрла тврдењата на ДУИ дека правел етничка поларизација

Веднаш вчера после почетокот на овој саем, прочитав соопштение на ДУИ. Суштината на тоа соопштение е дека ако не се во владата, тоа значело етнички конфликт или обид за етнички конфликт, а нивната улога во владата, знаат сите граѓани, без разлика на етничка припадност, што значи изминативе две децении, тоа значи многу криминал, многу неработа, многу неспособност, многу корупција. И сега, тие ставаат знак на еднаквост помеѓу сите овие епитети што ги има нивното учество во владата и етничката поларизација, доколку ти е не се, тоа било етничка поларизација, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на политичкиот саем организиран од неговата партија.

„Таа теза, кој да им ја кажал, е многу погрешна. Земав еден документ во кој што само ќе ги наведам бројките кои оваа влада ги обезбеди во општините, каде што градоначалник е во ДУИ или политичка партија која е дел од коалицијата на ДУИ. На пример, Кичево, каде градоначалник е Фатмир Дехари од ДУИ. Во првиот повик, скоро 56 милиони денари финансирани проекти од оваа влада. Во вториот повик скоро 330 милиони денари, или вкупно, повеќе од 6 милиони евра. Во струга, градоначалник е Рамиз Мерко кој е на црната листа на САД. Во првиот повик има проект од 135 милиони денари, а во вториот повик има пет проекти вредни 307 милиони денари или вкупно над 7 милиони евра. Еве Сарај, во вториот повик има 5 проекти од близу 320 милиони денари, кои оваа влада ги обезбедила за општина во која градоначалник е од ДУИ. Ако се вратиме наназад, во првите три години од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, дали некој ќе се сети на проект финансиран од владата на СДСМ и ДУИ - одговорот е ниту еден. Е сега, тоа е соживот, а ова било етничкаМицкоски.

Тој кажа дека пораките на ДУИ биле пораки кои припаѓаат на минатиот век.

„Ги отфрлам како неконструктивни пораки кои припаѓаат на минатиот век. Жалам што нереформираното и се уште со изобилие на рецитиви од минатото криминално и коруптивно ДУИ, се уште живее во тие 90-ти години од минатиот век и мисли дека со тие пораки ќе придобие симпатии од народот, дека ако се радикализира ќе добие симпатии. Мислам дека оние криминални дејствија со стекнување на голобради момчиња со трговски центри, скапи автомобили, хотели на ски центри и многу многу други работи, ќе биде заборавено и гласачите ќе кажат да, оние кои не крадеа и се полни со криминал, сега имаат национал-романтична идеја за да ги придобијат повторно нашите симпатии. Мислам дека грешат и дека ќе видат дека бројот на градоначалници ќе биде драматично помал отколку тоа што го очекуваат. Јас не само што ја отфрлам пораката и она кое што го рефлектираше во јавноста ДУИ како резултат на мојот говор, туку и многу од претставниците на меѓународната заедница вчера ми се јавија, негативно вчудоневидени ја коментираа пораката на ДУИ“, додаде Мицкоски.

ОСМАНИ ОБВИНУВА ЗА „ПЛАН НА ЕЛИМИНАЦИЈА“: Владата ги отстранува Албанците од општествените текови

Слично

Поврзани вести