Економија, финансии, бизнис

Контакт

Криминална група за неколку месеци шверцувала скоро 400 мигранти

Криминална група за неколку месеци шверцувала скоро 400 мигранти

Обвинителството бара притвор за девет лица за шверц на скоро 400 мигранти.

Обвинител за гонење на организиран криминал и корупција бара притвор за сите девет лица кои се уaпсени во денешната полициска акција за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти“ и за „Криумчарење на мигранти“.

Опфатени со истрагата се и други 4 лица, но еден од нив е веќе на издржување казна затвор,  друго лице е  под истрага и во притвор за истото кривично дело, а трето лице е во притвор во Р.Србија.

Еден осомничен не е достапен на органите на прогонот.

Групата во периодот од мај до крајот на септември од нашата јужна граница долж Повардарието до Кумановско-Липковскиот регион, а потоа кон север спровела 395 мигранти од Aвганистан, Пакистан, Ирак, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот исток. Меѓу мигрантите имало 18 деца.

Откако ќе ги прифателе,  членовите на групата ги сместувале мигрантите во автомобили или во багажници и со брзина од над 200 км/час ги превезувале до договореното место, притоа загрозувајќи го сопствениот живот, животот на мигрантите и на другите учесници во сообраќајот.

За пренесување, прифаќање, засолнување и превоз на мигрантите им земале од 180 до 250 евра, а  членовите на оваа група за 5 месеци се стекнале со значителна противправна имотна корист од околу 150.000 до 200.000 евра.

Соработници во организираната криминална група биле и Б.Г., кандидат за полициски службеник и Ф.А., полициски службеник, кои ја информираче групата каде има полициски патроли, контроли или заседи.

Слично

Поврзани вести