„КРИМИНАЛЦИ ОД СИТЕ ВЕРИ И НЕВЕРИ, ОД СИТЕ ЕТНИЦИТЕТИ, ОБЕДИНЕТИ ПОД ПАРТИСКИТЕ ЗНАМИЊА“: Најчевска за екс антикорупционерката Димитровска и враќањето во ревизија
Остра реакција на професорката Мирјана Најчевска за враќањето на поранешната прва антикорупционерка на својата поранешна функција во ревизија.
„Ахахахахахах. Криминалци од сите вери и невери, од сите етницитети, од сите краишта на државата, обединети под партиските знамиња.
Ахахаха.
Од сега па понатаму ниту еден државен службеник нема да работи спротивно на законот.
Се ќе биде по закон.
Затоа што законите го штитат крадењето, и мамењето, и насилството, и криминалот од сите видови и подвидови, и ...
Нема веќе дивоградби, нема ни крадци, нема ни измамници, нема злоупотреба на службена должност.
Крадењето е озаконето и измамата и самоволието и убиството и ...“, напиша таа.
Слично
