КРИМИНАЛ ОД НАД 7 МИЛИОНИ ЕВРА СО НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ: Претрес во фирми од Липково, Желино и Куманово
Управата за финансиска полиција рано утрово упаднала на неколку локации во Липково, Желино и Куманово, каде сѐ уште се вршат претреси. Акцијата, неофицијално е резултат на подолга истрага за организирана криминална група.
Според информациите, групата се сомничи за даночна измама, даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари.
Детали за акцијата се најавени за во текот на денот, но според првичните информации, станува збор за криминал од над 7 милиони евра, сторен од фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати.
Слично
