Криењето на криминалот со наводна етничка дискриминација е разгорување на етничка нетрпеливост - Најчевска за Рамадани
Караницата во студиото на телевизија „Канал 5“ при синоќешното гостување во емисијата „Само вистина“ на поранешниот пратеник Исмет Рамадани, ја разбранува македонската јавност.
Многу граѓани, но и активисти и познати критичари синоќа или рано утрово објавија свои постови за ставовите на Рамадани, но и за одлуката на директорот Иван Мирчевски да го избрка од емисија.
Дека постапките на Рамадани се неоправдани смета и професорката Мирјана Најчевска, која потенцира дека поранешниот пратеник треба да одговара за поттикнување етничка и национална нетрпеливост.
- Исмет Рамадани треба да одговара за поттикнување на етничка и национална нетрпеливост.
И не, етничката припадност не смее да биде заштита од било која критика и адут кој се вади при пососчување на криминалните активности на било кого во власта.
Во моментот кога етничките Албанци добија високи функции во власта граѓаните добија право да ги критикуваат и повикуваат на одговорност, не затоа што се етнички Албанци туку затоа што се на такви позиции од кои решаваат за правата на сите граѓани во Македонија.
Дискриминацијата врз етничка основа е недозволлива во едно современо општество, меѓутоа затскривањето на криминалот со повикување на наводна етничка дискриминација е облик на разгорување на нетрпеливост врз етничка основа - напиша Најчевска на својот Фејсбук профил.
