Крешник Бектеши резервиран за коалиција ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ
Министерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, ја подотвори вратата за можна коалиција на неговата партија со ВМРО-ДПМНЕ, доколку најголемата македонска опозициска партија освои најмногу гласови на вонредните парламентарни избори на 12 април, но истовремено е резервиран по ова прашање поради идеолошките разлики во поглед на евро-атлантските перспективи.
Бектеши синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ја убедат ДУИ дека навистина се залагаат за ЕУ интеграции доколку планираат повторно да формираат владеачко мнозинство по изборите закажани за 12. април 2020 година.
ДУИ се очекува повторно да освои најмногу гласови кај албанскиот електорат во услови кога има повеќе опозициските партии во албанскиот блок. Сепак тие не се определија да влезат во владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, иако оваа партија освои најмногу пратеници на претходните избори во декември 2016 што се покажа како недоволно за нив да формираат Влада.
