Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крешник Бектеши оди во куќен притвор

Крешник Бектеши оди во куќен притвор

Судот го прифати предлогот на Обвинителствo, а екс министерот за економија, Крешник Бектеши оди во куќен притвор. 

Основниот суд Кочани го прифатил предлогот на Јавното обвинителство за укинување на ефективниот притвор и замена со поблага мерка, куќен притвор, за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.

Судот уште нема одлучувано по останатите предлози на Обвинителство за 19 лица, во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Портпаролот на Основниот суд Кочани попладнево информира дека судија на претходна постапка одлучувал по предлогот за Бектеши, додека за другите се чека делегирање на член од Кривичен совет и да се произнесат адвокатите по предлозите.

Државното јавно обвинителство вчера соопшти дека до ОС Кочани освен предлогот за замена на изречената мерка „притвор“ со „куќен притвор“ за две лица, доставен е предлог и за продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор за 18 луѓе. 

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март годинава загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Слично

Поврзани вести