Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРЕДИТИ: За еден месец раст на кредитите за 30 милиони евра!

КРЕДИТИ: За еден месец раст на кредитите за 30 милиони евра!

Октомвриски раст на кредитната активност регистрираше Нардоната Банка. Според новите податоци, во десеттиот месец од годинава вкупната кредтна задолженост кон банките изнесувала нешто повеќе од 4 милијарди евра, или за скоро 30 милиони евра повеќе во однос на септември.

Во октомври салдото на нефункционални и проблематични кредити се искачи на рекордно највисоко ниво, од речси 500 милиони евра. Во структурата на сомнителните побарувања 389 милиони евра се по основ на денарски кредити а останатите 107 милиони евра отпаѓаат на девизните кредити.

Во октомври во однос на јануари, или за десет месеци, кредитната изложеност на банките се зголемила за 249 милиони евра. [box type="info" ]Кредитна изложеност: Јануари    3 788 991 869 Октомври 4 037 772 357[/box]

Од вкупните кредити, според валутната структура, 3,1 милијарда евра отпаѓаат на кредити во денари а останатите, скоро 1 милијарда евра се кредити во девизи.

Според проекциите на Нардната Банка во 2015 та година се очекуваа позасилена кредитна активност, повисока од 8%.

Слично

Поврзани вести