Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРЕДИТИ: Раст на кредитирањето, благо намалување на проблематични пласмани!

КРЕДИТИ: Раст на кредитирањето, благо намалување на проблематични пласмани!
Повеќе кредити одобриле банките на фирмите и на граѓаните во февруари во споредба со првиот месец од годинава. Новите податоци на Народната банка за кредитната кативност покажуваат февруарски пораст на кредитирњето. Имено, заклучно со февруари вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 4,51 милијарда евра или за 23,6 милиони евра повеќе во однос на јануари.  Кредитна изложеност: Февруари 4 515 040 650 евра Јануари 4 491 365 853 евра Според објавените податоци од НБМ, во февруари пораст има кај денарските кредити, додека кај кредитите во странска валута е регистрирано намалување на изложеноста. Пораст на кредитната активност има и во делот на домаќинствата и во приватниот сектор. Така, на крајот од вториот месец задолженоста на приватните и јавните друштва изнесувала 2,51 милијарда евра и за еден месец се зголемила за 9,1 милион евра. Кај населението, кредитната задолженост изнесувала 1,98 милијарди евра и има пораст на месечно ниво. Кредитна задолженост на население: Февруари 1 985 008 130 евра Јануари 1 969 756 097 евра На месечно ниво е регистрирано намалување на салдото на сомнителни и проблематични кредити за скоро 3 милиони евра и тоа во февруари изнесувало 487 милиони евра.
Слично

Поврзани вести