КРЕДИТИ: Побарувачката ќе расте!
Банкарите очекуваат зголемена побарувачка на кредити и од страна на населението и од страна на фирмите, но голем оптимизам за промена на кредитните услови нема – покажува новата анкета за кредитната активност во третиот квартал од годинава што ја спроведе Народната банка.
Според истражувањето, во третиот квартал дури 92,4% од банкарите изјавиле дека условите за кредитирање на фирмите останале непроменети.
“Во однос на одделни типови кредити, поголемо олеснување е забележано кај кредитите одобрени на големите претпријатија (од страна на 14% од банките).“ - се вели во анкетата на НБРМ.
Она што е драстично променето во однос на претходната анкета се оценките на банкарите во однос на олеснување на каматната политика. Така, само 25% од банките изјавиле дека немале промена во олеснување на каматните услови, додека во претходната анкета ваква оценка дале 63% од банкарите.
Според резултатите на оваа анкета, позначителни поместувања се забележани во рамки на факторите поврзани со потребата од финансирање. Така, се забележува расте број на банки коишто оценуваат дека инвестициите во основни средства делумно придонесуваат за раст на побарувачката на кредити додека се намалува бројот на банките што укажуваат на стимулативно влијание на преструктуирањето на долгот кон корпоративната побарувачка на кредити. Околу 45% од банките сметаат дека инвестициите во залихи и обртен капитал, и натаму влијаат позитивно врз побарувачката на кредити.
Кои критериуми се пресуди при одобрување на кредит?
И натаму клучни услови кои влијаат врз олеснување на кредитните услови се ликвидноста на банките, конкуренцијата, хипотекарните ризици.
“Околу 12% од банките ги посочуваат очекувањата за вкупната економска активност, за перспективата на гранката на којашто ѝ припаѓа претпријатието, како и за ризикот од неизвршување на обезбедувањето како фактори коишто делумно придонесуваат кон заострување на условите за кредитирање, во споредба со околу 50% од банките што пријавиле исто влијание на овие фактори во првиот квартал.“ - се оценува во анкетата и се дополнува:
“Кај факторите поврзани со трошоците на финансиските средства и притисокот од конкуренцијата не се забележани поголеми промени, при што банките и натаму ги посочуваат ликвидносната состојба на банката и конкуренцијата од другите банки како фактори со поголем придонес кон олеснување на условите за одобрување корпоративни кредити (39% и 19% од банките, соодветно).“
Во периодот што следува, односно до крајот на годинава 21% од банкарите изјавиле дека очекуваат олеснување на кредитните услови, а околу 50% и зголемена побарувачка на кредити.
Кај кредитите за население, дури 93,1% од банкарите изјавиле дека бројот на месеци на постојано вработување на барателот е еден од најважните фактори при одобрувањето на кредит.
Во однос на влијанието на промените на монетарната политика врз каматната политика на банките, околу 87% од банките сметаат дека монетарната политика има незначително влијание на промените на врз нивните каматни одлуки, додека 10% од нив оценуваат дека промените на монетарната политика делумно влијаат врз каматната политика.
Слично
