Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кредити од 5.000 до 10.000 евра за развој на мали бизниси од Стопанска Банка – Битола

Кредити од 5.000 до 10.000 евра за развој на мали бизниси од Стопанска Банка – Битола
Нови, наменски кредити почна да одобрува Стопанска Банка- Битола. Станува збор за кредити за финансирање на малите бизниси, односно фирми со најмногу 10 вработени. Од банката информираат дека минималниот износ на кредитот е 300 илјади денари, додека максималната сума е до 600 илјади денари. “Кредитот наречен “Микро кредит за микробизнис“ е наменски, најмалку 75% од парите се за набавка на основни средства или суровини и репроматеријали, додека остатокот од 25% ќе ги добие самиот клиент, односно кредитокорисник. Рокот на отплата на кредитот е 24 месеци“ - информираат од Стопанска Банка- Битола. Каматната стапка, според надлежните во банката ќе се утврдува согласно Одлуката за каматни стапки на Банката.

Од Стопанска банка – Битола за клентите обезбедуваат и целосна и транспарентна информација во однос на дополнителните трошоци.

“Провизија согласно Тарифата за надоместоци на Банката , што значи 1,5% еднократно за обработка на кредитно барање, обезбедување со недвижност и 2,00 % еднократно за кредити обезбедени со меница “ - велат од банката. Во случај кога како кредитобарател се јавува новоформирано Друштво, посебен акцент се става на квалитетот на колатералот, односно хипотека на недвижен имот која во однос на износот на кредитот треба да изнесува 3:1. Редакција Фактор
Слично

Поврзани вести