Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРЕДИТИ: Нефункционални кредити од 470 милиони евра!

КРЕДИТИ: Нефункционални кредити од 470 милиони евра!
Не запира трендот на раст на нефункционалните кредити. Според најновите податоци на Народната Банка, во првиот месец од годинава салдото на сомнителни и спорни побарувања надмина 470 милиони евра што е за 10 милиони евра повеќе во однос на состојбата во декември. Нефункционални кредити: Јануари 470 422 764 Декември 460 260 162 Според податоците на НБРМ, пораст има кај сомнителните и спорени побарувања по основ на кредити во странска и во домашна валута. Оваа банкарска 2015 та година започна со намалена кредитна активност во однос на декември. Вкупната кредитна изложеност во јануари изнесувала 4 милијарди и 137 милиони евра, што е за 18 милиони евра помалку во однос на декември. Анализирано според валутната структура на кредитите, податоците покажуваат дека има намалување и на денарските и не девизните кредити. Кредитна изложеност: Кредити во денари 3 224 162 601 Кредити во девизни 913 138 211 “Намалувањето на вкупните кредити се должи на пониското ниво на кредитите на претпријатијата, што не е е невообичаено з апрвиот месец од годината и навестува можен привремен карактер на ваквите поместувања. Кредитите на домажинствата продолжија да растат и во јануари со случна динамика како и во претходниот месец. Во јануари, вкупните кредити на годишна основа се повисоки за 9,2%.“, посочува НБРМ во новиот февруарски извештај. Во јануари, според анализата на НБРМ, вкупната кредитна задолженост на граѓаните изнесува 1 милијарда и 748 милиони евра, и е за скоро 8 милиони евра повисока во однос на состојбата во декември.
Слично

Поврзани вести