Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРЕДИТИ: Нефункционалните кредити во пораст – до кога?

КРЕДИТИ: Нефункционалните кредити во пораст – до кога?
Не запира трендот на пораст на нефункционалните банкaрски кредити. И во август Народната банка регистрираше зголемување на сладото на проблематични побарувања. Според најновите податоци, во осмиот месец од годинава вредноста на сомнителните и проблематични побарувања изнесувала 473,7 милиони евра и во однос на јули, кога салдото изнесувало 460,8 милиони евра, во агуст има пораст за 13 милиони евра. Податоците укажуваат на тоа дека растат проблематичните кредити и со денарска и со девизна клаузула. Сомнителни и спорни побарувања август 473 723 576 јули 460 813 008 Паралелно, со растот на нефункционалните кредити, расте и кредитната изложеност. Така, во август вредноста на вкупните кредити изнесувала 3 милијарди и 977 милиони евра, додека во јули таа била 3 милијарди 965 милиони евра, или за еден месец кредитната изложеност пораснала за скоро 12 милиони евра. Од друга страна, штедните влогови на ниво на целиот банакрски систем во август достигнаа рекордни 4,4 милијарди евра, со што се зголемува распонот меѓу пласираните и депонираните пари во банките. Во однос на валутната структура на кредитите, податоците покажуваат дека во август има пораст на кредитите во денари, додека намалување има кај кредитите во девизи. Кредити во денари 3 084 308 943 Кредити во девизи 892 731 707 По основ на сите видови на кредити, граѓаните на банките должат речиси 1,7 милијарди евра.

Не запира трендот на пораст на нефункционалните банакрски кредити. И во август Народната Банка регистрираше зголемување на сладото на проблематични побарувања. Според најновите податоци, во осмиот месец од годинава вредноста на сомнителните и проблематични побарувања изнесувала 473,7 милиони евра и во однос на јули, кога салдото изнесувало 460,8 милиони евра, во агуст има пораст за 13 милиони евра. Податоците укажуваат на тоа дека растат проблематичните кредити и со денарска и со девизна клаузула.

Сомнителни и спорни побарувања

август 473 723 576

јули 460 813 008

Паралелно, со растот на нефункционалните кредити, расте и кредитната изложеност. Така, во август вредноста на вкупните кредити изнесувала 3 милијарди и 977 милиони евра, додека во јули таа била 3 милијарди 965 милиони евра, или за еден месец кредитната изложеност пораснала за скоро 12 милиони евра. Од друга страна, штедните влогови на ниво на целиот банакрски систем во август достигнаа рекордни 4,4 милијарди евра, со што се зголемува распонот меѓу пласираните и депонираните пари во банките.

Во однос на валутната структура на кредитите, податоците покажуваат дека во август има пораст на кредитите во денари, додека намалување има кај кредитите во девизи.

Кредити во денари 3 084 308 943

Кредити во девизи 892 731 707

По основ на сите видови на кредити, граѓаните на банките должат скоро 1,7 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести