КРЕДИТИ: Фирмите во должнички амбис – нефункционалните кредити на ниво од 17%!
Се влошува кредитното портфолио на банките, односно расте сумата на нефункционални и прoблематични кредити. Во последниот, најнов извештај на Народната Банка, заклучно со третиот квартал од 2014 та година, нефункционалните кредити се зголемиле и на годишна и на квартална основа.
“Квалитетот на кредитното портфолио на банкарскиот систем, следен преку промените на нефункционалните кредити на нефинансиските субјекти се влошува, како на квартална така и на годишна основа но со различно темпо забрзување на влошувањето на квалитетот на годишна основа, а негово забавување на квартална основа.“ се посочува во Извештајот на НБРМ.
Според анализата на НБРМ, растот на нефункционалните кредити кои достигнаа 12,2%, е генергиран од растот на проблематичните наплати од претпријатијата, односно фирмите.
“Кај претпријатијата ова учество се искачи на 16,9%, што е највисоко ниво после2006 година.“ – костатира НБРМ.
Еве кај кои сектори е регисриран пораст на нефункционалните кредити: трговија на големо и мало, индустрија, градежништво, и дејности во врска со недвижен имот.
“Во октомври 2014 година, годишната стапка на раст на нефункционалните кредити достигна 16,2%“ – информираат од НБМ.
Кредитните картички - тешки за отплата !
За разлика од приватниот сектор, кај домаќинствата е регистрирана стагнација на салдото на нефункционални кредити, но во однос на структурата, има раст на прблематичните наплати по основ на долгови за кредитни картички.
“Нефункционалните кредити на домаќинствата и натаму се на исто ниво, а во нивни рамки се зголемија нефункционалните потрошувачки кредити и кредитите врз основа на издадени кредитни картички, при истовремено намалување на нефункционалните автомобилски кредити“ – посочуваат од НБРМ.
Во третиот квартал се забележува позначаен пораст на реструктуираните нефункционални кредити. Овие кредити зафаќаат 28,2% од вкупните нефункционални кредити.
Скоро 12% од нефункционалните кредити биле преходно пролонгирани а речси една четртина, или 30% од претходно пролонгираните кредити добиле нефункционален статус. Сумирано, нефункционалните кредити коишто претходно биле пролонгирани и реконструираните кредити зафаќаат 39,5% од вкупните нефункционални кредити.
Во третиот квартал биле отпишани долгови во вредност од 271 илјада евра, што е најниско ниво во последните пет години.
А.Д.
Слично
